Македонија

ВРЕДИ откри како ќе настапат на локалните избори

Вицепремиерот на Владата и лидер на партијата Демократско движење во своето телевизиско интервју истакна дека Вреди настапиле заедно на парламентарни избори и како коалиција се дел од Владата и нема никаква дилема дека и на локалните избори ќе настапат заеднички како ВРЕДИ.

Во оваа прилика лидерот на Демократско движење истакна дека е можно проширување на колицијата Вреди имајќи во предвид дека во меѓувреме излегуваат партии од Европскиот фронт т.е. дека истиот се распаѓа.

„Влен нема никаква дилема. Дилемата е дали до тогаш (локални избори) ВЛЕН ќе се претопи во едно или ќе биде само чадор на четири – пет субјекти. По секоја цена ВЛЕН ќе настапи заедно на наредните локални избори“ – истакна Меџити.

На почеток