Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на поправен за избор на градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Утре жителите на Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, на повторено гласање ќе бираат градоначалник.

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 во октомври, таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.

— реклама —

На повторените избори, според законот, не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи.

Денеска гласаат болните и изнемоштените лица, како и притворените и затворениците кои се жители на овие општини.

— реклама —

Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, а во затворите 81 лице.

— реклама —

Во Маврово и Ростуше ќе гласаат 69 болни лица и двајца затвореници.

Во Врапчиште пријавени се 32 болни и изнемоштени, а во затворите се пријавени 11 жители од оваа општина.

— реклама —

Во Центар Жупа пријавени се само двајца болни.

Гласањето утре започнува во 7:00 часот, а завршува во 19:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Излезноста во Брвеница до 13 часот е 27,81 отсто, гласале 4.518 граѓани

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Брвеница денеска избира градоначалник: Вчера гласаа болните, немоќните и лицата во затворите

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj8u4vqf6tqa9bD4ybPN

Се огласија Американците по изборниот пораз на Вучиќ

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања