Македонија

Се судрија „голф“ и мопед во Куманово, тешко повреден малолетник

Вчера во 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улицата „Веселин Маслеша“ и улицата „500“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Љ.В. од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На почеток