Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Мицкоски: Предвидени се 350 капитални проекти од општините, само во секторот транспорт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
28102024_Mickoski_5

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, одговарајќи на новинарско прашање колку проекти се предвидени од транспортот и инфраструктурата, при отпочнувањето на првата фаза за капитални проекти од општините, информираше дека вкупно 350 проекти се предвидени, вклучително со дополната којашто треба да се случи до средината на месец ноември. Средствата кои ќе бидат наменети само за секторот транспорт се повеќе од 2 милијарди денари.

— реклама —

„Во тотал со оние проекти кои очекуваме да бидат дополнети до кај 15 ноември, ќе ја заминеме бројката 350. Минус една општина којашто за жал конкурираше со проект кој е во фаза на изградба на избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина, градоначалникот. Во секторот транспорт, мислам дека е повеќе од 2 милијарди денари. Мислам дека 2 милијарди и 400. Таму ќе има нови улици, водоводи, канализации, булевари навистина ќе биде нешто коешто досега не се случило. Епски проект, она коешто им е битно на граѓаните”, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот подвлече дека фокусот на Владата е да работи за интересот на граѓаните, не како што работеше претходната Влада, којашто го гледаше својот интерес.

— реклама —

„Наш интерес се граѓаните, ние работиме за нив. Не работиме како што работеше претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ, да го гледаш својот интерес, па сега во опозиција ќе си пишуваме писменце, туку работиме за интересот на граѓаните. Тоа е она коешто е наш фокус ние не го губиме времето во пишување писменца, туку во работа и така и ќе продолжиме“, додаде премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања