Кривична против маж од беровско: запалил сува трева и гранки, а пожарот се проширил, при што била причинета штета од околу 258.000 денари
Од
Објавено на
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против 50-годишниот В.Б. од село Русиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 14.09.2024 на место викано „Мирата“ атар на с.Русиново, беровско, запалил сува трева и гранки, а пожарот се проширил на шест катастарски парцели во с.Русиново, при што била причинета материјална штета од околу 258.000 денари.