Македонија

Уапсен криумчар на мигранти од Тирана, се обидел да им избега на полицајците, па излетал од патот

Вчера околу 23 часот полициски службеници од ПС за граничен надзор Сопот при РЦГР Север го лишиле од слобода 21-годишниот Ф.А. од Тирана, Р.Албанија поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено по член 418-б од КЗ на РСМ.

Околу 23 часот на место викано „Костурник“, кумановско, полициските службеници забележале патничко возило „ауди А3“ со косовски национални ознаки, управувано од пријавениот, во кое имало мигранти.

Од страна на полициските службеници бил даден знак возилото да застане, но тоа продолжило со движење во правец на место викано „Езера“-село Речица, по што излетало од патот. Ф.А. е лишен од слобода, а пронајден е и еден мигрант, 29-годишниот С.Р. од Непал, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другите лица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток