Свет

(Фото) Трамвај влета во продавница во центарот на Осло

Трамвај удри во продавница во центарот на Осло, при што четири лица се повредени. Полицијата соопшти дека на сите им била укажана помош на местото на настанот, но никој не е сериозно повреден.

Трамвајот, во кој во моментот на несреќата имало 20 патници, во вторникот наутро удрил во продавница во центарот на норвешката престолнина, а меѓу повредените е и возачот, пишува Скај Њуз.

Зградата е евакуирана и ќе се проверува дали има потенцијални структурни оштетувања, соопшти полицијата.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека поголемиот дел од трамвајот завршил во продавница откако излетал од шините на раскрсницата на Сторгата, една од главните улици во Осло.

„Работиме на проценка на штетите“, се вели во соопштението на полицијата. Спасувачките служби ја опколија областа.

На почеток