Струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење
Официјално со решение од Агенцијата за храна и ветерина, од синоќа струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење.
На денешната прес конференција, градоначалникот Костадин Костадинов им се заблагодари на директорот на „Комуналец“, на техничкиот директор и на вработените во Филтер станицата коишто деноноќно и неуморно работеа да ја преработат техничката вода до степен на питка.
-Им се заблагодараувам за добрата соработка и на инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина, што навистина им излегоа во пресрет на струмичани, можеби имало и притисоци, но го потпишаа записникот и ни овозможија ние како струмичани да ја надминеме едномесечната голгота. Елементарни човекови права како што е здрава и безбедна вода за пиење во ниту еден случај не смеат да бидат политизирани, како што таков обид имавме овде во општина Струмица и ние струмичани многу добро тоа на наш грб го осетивме. Им порачувам на сите надлежни институции да си ја гледаат својата работа без да мешаат политика во неа, рече градоначалникот Костадинов.