Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Гореа шума, трева и депонија – пожарникарите со три интервенции во струмичко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library6nup0mogib5pcOAmtn3

Територијалната противпожарна единица Струмица денеска (21.03.2026) интервенирала на три одвоени пожари на отворен простор, при што сите биле успешно локализирани и изгаснати.

Првиот пожар избувнал во нискостеблеста шума во близина на селото Ново Коњарево. Во гаснењето, покрај професионалните пожарникари, учествувале и доброволци од ДПД „Рис“ од Ново Село. Интервенцијата траела околу три часа, по што пожарот бил целосно ставен под контрола.

— реклама —
— реклама —

Втората интервенција била кај селото Борисово, каде горела сува трева. Пожарот бил изгаснат по два часа од почетокот на акцијата.

— реклама —

Третиот случај се однесува на запалена депонија во близина на селото Василево, каде пожарникарите исто така интервенирале за спречување на негово ширење.

Надлежните апелираат до граѓаните на внимателност и одговорно однесување, особено во услови на зголемен ризик од пожари на отворено.

Во случај на пожар или друга природна непогода, граѓаните можат да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryel6fl2nqldrq7y7lyUu

(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу Дабиле и Петралинци, струмичките пожарникари на терен

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryn1pgeii86e2sdepJgCX

(Видео) Девојче не одговарало на телефон и не ја отворало вратата: Пожарникари со авто-скала се качиле до станот на четврти кат за да проверат дали е добро

Македонија | пред 1 месец

media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 1 месец

media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања