Македонија

Гаши: „Кој ги контролира медиумите, ги контролирал умовите“- порака која соодветствува со денешната ситуација

Претседателот на Собранието Африм Гаши се обрати по повод Деновите на медиумска писменост.

„Mи претставува особено задоволство да бидам меѓу вас во Глобалната недела на медиумска и информациска писменост за да рефлектираме за виталната важност на медиумите и медиумската писменост, кои се нераскинлив дел од нашето секојдневие. „Кој ги контролира медиумите, ги контролирал умовите“ е важен цитат, а не го спомнувам случајно; тоа е порака која соодветствува со денешната ситуација и тема“, рече Гаши.

„Убеден сум дека секој од нас е свесен за моќта која ја имаат медиумите во создавањето на информирано и активно општество. Јас како политичар и како избраник од народот, можам да кажам дека улогата на медиумите ја гледам надвор од оваа функција. Тоа го велам затоа што нивната моќ е клучна за зајакнувањето на демократијата, но, исто така, може да биде и огромна закана кон неа“, додаде Гаши.

На почеток