Влегува ли ЛДП на Зајкова во Влада – Мицкоски има став
Од
Објавено на
„Секој кој ја поддржува владата е добродојден и може да се приклучи“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали Моника Зајкова од ЛДП ќе се приклучи на владината коалиција.
„Владината коалиција е стабилна. Секој кој ги поддржува политиката, може да се приклучи. Не сме разговарале во рамките на партијата и коалицијата, но е процес кој треба да добие поддршка од сите политички чинители, и не е важно само што Мицкоски ќе каже“, рече Мицкоски.
Премиерот присуствуваше на поставување на камен темелник на детска градина во Ѓорче Петров.