Македонија

(Видео) Мицкоски има СМС пораки во кои ДУИ се нуделе да бидат дел од Владата, со помалку функции од тоа што барале ВЛЕН

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Блерим Беџети, му посочи дека има СМС пораки со понуди ДУИ да влезат во Владата со уште помалку раководни кадри.

Мицкоски понуди да ги покаже пораките, но на ова Беџети не реплицираше.

Ваквата понуда од Мицкоски дојде откако претходно Беџети рече дека Владата нема легитимитет кај Албанците. Мицкоски им посочи на ДУИ дека имаат четири години да се реформираат, па да пробаат да се вратат на власт.

На почеток