Свет

(Видео) Пожарникарите се обидуваат да стигнат до луѓето под урнатините, седум возила за брза помош се на местото на несреќата во Нови Сад

Во уривањето на настрешницата на стариот дел од железничката станица во Нови Сад, иако засега нема официјални податоци, според информациите од местото на настанот, се сомнева дека има загинати, јавува репортерот на Танјуг.

Седум возила за брза помош се на местото на несреќата, додека противпожарните екипи се обидуваат да стигнат до луѓето под урнатините, пренесуваат српските медиуми.

Настрешницата, која била изградена во 1964 година, се урнала нешто пред 12 часот. Бучавата што се слушнала во таа прилика ги вознемирила граѓаните во поголем дел од градот, објавуваат медиумите од Србија.

На почеток