Промени тема
Контакт

НОВИ САД

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Мајката на една од жртвите во Нови Сад: „Сине, победивме. Вучиќ мора да оди во затвор“

Точно две години по уривањето на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад, во Србија, семејствата на 16-те загинати сè уште бараат правда и одговорност за трагедијата од 1 ноември 2024 година. Несреќата, која се случи во 11:52 часот, предизвика масовни протести и студентско движење што прерасна во широк граѓански отпор.Меѓу загинатите беа и две девојчиња, Валентина и Сара Фириќ, нивниот дедо Ѓорѓе Фириќ, како и уште 13 лица. Меѓу жртвите беше и Стефан Хрка, чија мајка Дијана в

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryasi9t9tfmd2pdqCrOXe

Академскиот пленум: Србија наскоро повторно ќе стане правна држава

Академскиот пленум, по повод две години од уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад и смртта на 16 лица, соопшти дека не само што сè уште никој не е осуден за трагедијата, туку не започнало ниту судењето на одговорните.Пленумот во соопштението наведе дека, како и мнозинството граѓани, нема никакво сомневање дека 16-те невини жртви ги усмртиле корупцијата и нестручноста на актуелната, сега веќе заминувачка власт.„Се приклучивме на комеморативниот собир што го организираат с

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk8guh1n8tl9c80keZgf

(Видео) Преполни улици во Нови Сад: Граѓаните пристигнаа пред станицата и оставија цвеќе во чест на загинатите

Улиците на Нови Сад денеска беа преполни со граѓани кои излегоа да им оддадат почит на 16-те жртви од трагедијата на железничката станица, кога пред две години се урна настрешницата и однесе 16 човечки животи.Граѓаните во три колони тргнаa од различни локации – Вардинскиот мост, Медицинскиот факултет и Лиманскиот парк. Колоните се споиja, по што заедно продолжиле кон железничката станица.На местото на трагедијата, пред оградата која го спречува пристапот до станицата, присутните оставиja цвеќе,

Свет | пред 1 седмица

media-librarynrrsnfan06hoamBKr8t

(Видео) Со венци и пораки за загинатите, три колони граѓани тргнаа кон железничката станица во Нови Сад

Три колони граѓани утрово тргнаа низ улиците на Нови Сад кон железничката станица, каде во 11:52 часот ќе се одржи комеморативен собир по повод две години од уривањето на настрешницата, во кое загинаа 16 лица.Колоните се упатија од три локации – Медицинскиот факултет, Лиманскиот парк и Варадинскиот мост. Планирано е тие да се спојат, а потоа заеднички да продолжат по Булеварот на ослободувањето кон железничката станица.На чело на колоната што тргна од Медицинскиот факултет граѓаните носат венци

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjb7gp39cenvhcMABEmc

Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Сè уште нема судска разрешница за смртта на Македонецот Саздовски и уште 15 лица

Во Нови Сад денеска се одбележува втората годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица, во кое загинаа 16 лица. Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести против корупцијата, кои на крајот доведоа до предвремени избори и пад на власта на Александар Вучиќ.Две години подоцна, одговорноста за смртта на 16 лица сè уште не е утврдена пред судот. Иако по трагедијата следеа апсења, меѓу кои и на министри и нивни соработници, а беа поднесен

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.29

Две години од уривањето на настрешницата во Нови Сад: Помен за загинатите, студентите организираат комеморација

Денеска се навршуваат две години од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога животот го загубија 16 лица, меѓу кои и три деца.По тој повод, во Нови Сад денеска ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од трагедијата, во организација на студентите.Од својот профил на Фејсбук, „Студенти во блокада – Белград“ упатија повик за учество на комеморативниот собир во Нови Сад, посветен на сеќавањето на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица.„

Свет | пред 1 седмица

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Трагедија во Нови Сад: 21-годишник ја убил мајка си

Утрово во населбата Телеп во Нови Сад, Србија, се случило убиство во семејниот стан на улицата „Алекса Шантиќ“.Според неофицијални информации, 21-годишниот А. Б. ја усмртил својата 49-годишна мајка Љ. Б., по расправија што се случила околу 3 часот по полноќ. Вревата и расправијата ги вознемириле соседите, кои повикале полиција.Полицајците набрзо пристигнале на адресата, а според информациите, младичот ја отворил вратата и признал дека ја убил мајка си. Тој бил веднаш совладан и приведен.На место

Балкан | пред 1 месец

media-libraryme7mgvqog6hl1riYGl2

Граѓаните на Нови Сад на нозе: Нема да дозволиме власта да слави корупција во нашето маало

Собирот на граѓани од Ново Насеље, дел од Нови Сад, денеска соопшти дека нема да дозволи во нивното соседство да се организира настан со кој власта, како што наведуваат, „ја слави корупцијата“.Реакцијата доаѓа по најавата на фондацијата „Нови Сад – Европска престолнина на културата“ дека утре, на 21 јуни, по повод Светскиот ден на музиката, ќе организира манифестација под името „Корзо на Ново Насеље“, на која е најавено присуство на високи функционери од владејачката Српска напредна странка (СНС

Балкан | пред 4 месеци

media-library19bddbkf1cab2hR99zL

Полициски сили влегоа во Филозофскиот факултет во Нови сад по барање на деканот

Српската полиција денеска попладне влезе во зградата на Филозофскиот факултет во Нови Сад по барање на деканот Миливој Алановиќ, додека студентите ја блокираа институцијата поради отпуштањето на професорката Јелена Клеут.„Разговаравме со студентите, разговараме со полицијата, полицијата разговара со студентите“, изјави Алановиќ, додавајќи дека блокадата мора да заврши или ќе биде принуден да преземе мерки за продолжување на работата на факултетот. Продеканот Дејан Пајиќ ги повика студентите да с

Свет | пред 9 месеци

media-librarys1asnt12mv4i8hMzQMa

(Видео) Деновите на кражба ви се одброени, порачаа студентите на протест во Нови Сад

Студентите од Нови Сад со протестот „Што значи победа?“ најавија нова етапа на студентскиот отпор, порачувајќи дека победата не е симбол, туку процес на демонтажа на корупцијата и неодговорната власт.Од Плоштадот на слободата јасно порачаа дека борбата не завршува, туку допрва почнува.„На народот му е преку глава од измами, кражби, перење пари и паѓање на надстрешници. Деновите на вашата кражба се одброени. Ќе дојде ден кога законите ќе важат за сите – и тој ден не е далеку“, порача студент.Подд

Свет | пред 9 месеци

media-libraryj06i8htj5k87824ah17

(Видео) Непознат маж запали новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад

Непознат маж во Нови Сад вчера навечер го запали дел од новогодишната декорација пред Градската куќа. Според информациите, мажот пристигнал со велосипед, а во 4:14 часот го подметнал огнот на еден од осветлените вагони кои се дел од декоративниот воз на плоштадот.Полицијата веднаш започнала истрага за случајот и работи на утврдување на идентитетот на сторителот.

Свет | пред 10 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој пред една година загина при уривање на настрешница во Нови Сад, по 16 дена го прекина штрајкот со глад пред српското Собрание.Таа рече дека добила благослов од двајца свештеници и повици од здравствени работници и студенти по медицинa за прекин на штрајкот и дека ги прифатила, но дека ќе остане пред српското Собрание.Европратеничката Ирена Јовева, со македонско потекло, вечерва ја посети Дијана.„Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, и рече таа на Дијана

Свет | пред 11 месец

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

За разлика од нив, здравјето и животот на сите ни се важни: идните медицинари бараат Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад

Студентите на Медицинскиот факултет во Белград упатија апел до Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој пред една година почина при падот на новосадската настрешница, да го прекине штрајкот со глад што трае веќе 14дена. Тие и порачаа дека сакаат таа да остане силна и присутна со нив.Во објава на Инстаграм, студентите изјавија дека се свесни за големата болка што ја носи Дијана и силата што ја покажува и покрај сè низ што поминала, додавајќи дека нејзината храброст, упорност и достоинство веќе

Свет | пред 11 месец

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

(Видео) „Нема да му простам на Вучиќ“ - мајката на загинатиот Стефан Хрка осми ден во штрајк со глад

Мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, и денес го продолжува штрајкотот со глад пред српскиот Парламент, барајќи одговорност за смртта на нејзиниот син, кој почина при пад на натстрешница во Нови Сад.Хрка веќе осум дена престојува во шатор на улица, спиејќи на палети, откако не ѝ било дозволено да се приближи до Домот на Народното собрание, каде што првично планирала да протестира. Подрачјето го обезбедува полицијата, а во непосредна близина постојано има поддржувачи на владеја

Свет | пред 1 година

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Поддршка од Северина за Дијана Хрка, мајката на загинатиот Стефан, која со штрајк со глад бара правда

Хрватската ѕвезда Северина за време на концертот во Загреб ѝ испрати поддршка на Дијана Хрка, мајката која загуби син во падот на настрешницата во Нови Сад и сега штрајкува со глад барајќи правда.Од почетокот на студентските протести во Србија, Северина отворено ги поддржува блокадите и испраќа пораки за поддршка на речиси секој концерт.Како што објави Нова.рс , таа ги потсети присутните дека во центарот на Белград, мајката на лицето кое почина по падот на настрешницата на железничката станица в

Свет | пред 1 година

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Мајката на загинатиот Стефан: Ќе штрајкувам со глад до крај, ако треба да умрам, ќе умрам чесно

Мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, која вчера започна штрајк со глад пред Собранието, спроти „Чациленд“ во Белград, изјави дека нема намера да се премисли.,,Кој го уби моето дете.Ако треба да умрам, ќе умрам чесно,“ порача Дијана.Бара од надлежните да го завршат случајот, сите да бидат процесуирани, сите да бидат сослушани.,,Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сит

Свет | пред 1 година

media-libraryea02q5vg3rkmdFiqKlg

На РТС, наместо пренос од комеморацијата за 16 те загинати одат филмови и музика

Многуилјаден народ од цела Србија, но и од други земји, во Нови Сад присуствуваат на комеморацијата за жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, која се случи пред една година. И додека ова е вест за некои домашни, но и странски медиуми, не е и за државната телевизија РТС. Уредништвото одлучило да не врши пренос.Јавноста остро ја осуди одлуката на РТС да не ја пренесува комеморацијата во чест на 16 жртви од трагичниот пад на настрешницата пред една година.РТС на своите програми

Свет | пред 1 година

media-librarydqar7q8q51joaQJCYqs

(Фото и видео) Студентите и граѓаните во Нови Сад денес пишуваат историја

Денеска во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир пред железничката станица за да се обележи трагедијата на 1 ноември 2024 кога се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица.Илјадници луѓе од Србија од вчера се во Нови Сад.Од Белград два дена пешачеа околу 4.000 студенти. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри пешачењеоктомври. Тие пешачеа од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ и веќе се во Нови Сад каде пристигнаа и нишките велосипедисти.Илјадници граѓани

Свет | пред 1 година

novi-sad-nesreka3

Илјадници се собираат во Нови Сад – една година по трагедијата на железничката станица

Илјадници студенти од различни градови во Србија се упатуваат кон Нови Сад, каде што утре ќе се одржи комеморативен собир во чест на 16-те жртви загинати при падот на бетонската настрешница на железничката станица пред една година.Дводневниот марш, кој започна вчера од Белград, го предводат студенти и граѓани што веќе една година се во блокада и организираат протести со барање за одговорност од властите. Дел од учесниците пешачат десетици километри за да стигнат до Нови Сад, нагласувајќи дека ни

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-24-at-00.06.08

Година дена студентски протести во Србија: Борба за правда и игра на исцрпување

Измина една година од падот на бетонската надстрешница на железничката станица во Нови Сад, трагедија во која загинаа 16 лица. Настанот, кој го потресе целото општество, стана симбол на системска небрежност и корупција — а од него започна и најдолгиот студентски протест во поновата српска историја, пишува DW.Денес, студентите и власта се наоѓаат во состојба на меѓусебна исцрпеност. Студентското движење предводено од лица како Борис Којчиновиќ од Нови Сад, прерасна во широка мрежа на поддржувачи

Свет | пред 1 година

media-librarymnblj500vr4j40jsLV9

(Видео) Трагедија на автопатот Нови Сад – Белград: Загина дете, повредени седум малолетници од џудо-клубот „Партизан“

Едно дете загина, а седум други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, во близина на наплатната рампа во правец кон српската престолнина. Во несреќата е тешко повреден и возачот на комбето.Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Србија, несреќата се случила кога комбе марка „Опел Виваро“ со белградски регистарски таблички излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во канал.Во возило

Свет | пред 1 година

GmGKXsXWIAAcvu6-1024x602-1

Поминаа 11 месеци од уривањето на настрешницата во Нови Сад, граѓаните го одбележаа со протестен марш

Градовите низ цела Србија одбележуваат 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, со комеморативни прошетки и бдеења со свеќи.Неколку илјади луѓе синоќа тргнаа од железничката станица Прокоп кон онаа во Нов Белград по облачно време и влажен коловоз.Во колоната се вклучени студенти, граѓани, воени ветерани, но нема вообичаени скандирања, ниту звук на вувузели и свирчиња.„Нека тишината одекнува низ цела Србија“, напишаа тие во објава на соц

Свет | пред 1 година

vucic-brnabic

По хаосот, Вучиќ: Полицијата работеше професионално; Опозицијата: Брутална злоупотреба на сила

По полноќ српската полиција упадна во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, придружена од ректорот Дејан Мадиќ. Според сведоштва на студенти, професори и граѓани, присутните биле собрани во амфитеатарот каде што полицијата им наредила да останат со часови. Студентите објавија дека припадник на жандармеријата нападнал студент кој во живо пренесувал од местото на настанот и му го одзел телефонот. Утринава околу три часот присутните биле пуштени.Полицијата претходно постави кордони о

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-09-05-at-22.57.59

(Видео) Брутална полициска акција во Нови Сад, фрлен солзавец и шок-бомби - хаос по улциите

Во Нови Сад вечерва од 19 часот се одржа масовен студентски протест под мотото „Србијо, дали се слушаме?“ кај крстосницата на ул. Стражиловска и бул. Цар Лазар, во близина на универзитетскиот кампус. Повод беа, како што наведоа организаторите, нарушувањето на автономијата на универзитетот и неодамнешниот упад на полицијата на Филозофскиот факултет и на Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), кога беа користени шок-бомби и пендреци.Протести вечерва се одржаа и во други градови низ Србија

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

Студентите во Нови Сад повикаа на масовен протест веќе за вечерва

Студентите кои веќе неколку дена блокираат факултети на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните на Србија вечерва во 19 часот да им се придружат на голем протест во градот. Тие предупредуваат дека со неодамнешните упади на деканите и полицијата во факултетските објекти е сериозно нарушена автономијата на Универзитетот.„Србија, можеме ли да се слушнеме?“ – гласи пораката што студентите ја споделија на социјалните мрежи. Како што најавуваат, протестот ќе биде фокусиран во рамките на универз

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања