Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Видео) Брутална полициска акција во Нови Сад, фрлен солзавец и шок-бомби - хаос по улциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-09-05-at-22.57.59

Во Нови Сад вечерва од 19 часот се одржа масовен студентски протест под мотото „Србијо, дали се слушаме?“ кај крстосницата на ул. Стражиловска и бул. Цар Лазар, во близина на универзитетскиот кампус. Повод беа, како што наведоа организаторите, нарушувањето на автономијата на универзитетот и неодамнешниот упад на полицијата на Филозофскиот факултет и на Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), кога беа користени шок-бомби и пендреци.

— реклама —

— реклама —

Протести вечерва се одржаа и во други градови низ Србија – Ниш, Крагуевац, Ваљево, Кралево, Ужице, Пријепоље, Лесковац, Нови Пазар, Прокупље...

Иако протестот во Нови Сад траеше мирно, Министерството за внатрешни работи објави дека има информации оти демонстрантите ќе ја нападнат полицијата. Кога граѓаните почнаа да се оддалечуваат од Филозофскиот факултет и ДИФ, следеше полициска акција.

Според сведоци, полицијата започнала да ги потиснува собраните, по што дошло до инциденти. Од зградата на Ректоратот, како што јавува Н1, излетале полициски сили и нападнале мирни демонстранти. На терен се слушнале топовски удари и бил фрлен солзавец, а употребени биле и пендреци.

Новинарите на Н1 јавуваат дека полицијата го исчистила кампусот не само од граѓаните и студентите, туку и од екипите кои укажувале прва помош. Еден снимател на Н1, и покрај тоа што носел кацига, бил погоден со предмет.

„Сосема непотребно предизвикан инцидент од страна на полицијата. Стоевме пред зградата, кога одеднаш дваесетина полицајци излегоа и почнаа да удираат луѓе. Подоцна дојдоа возила преполни со полицајци и две бригади. Спремен сум за ова да сведочам пред сите судови во светот.“, изјави граѓанин кој сведочел пред Ректоратот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања