Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото и видео) Студентите и граѓаните во Нови Сад денес пишуваат историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarydqar7q8q51joaQJCYqs

Денеска во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир пред железничката станица за да се обележи трагедијата на 1 ноември 2024 кога се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица.

Илјадници луѓе од Србија од вчера се во Нови Сад.

— реклама —

Од Белград два дена пешачеа околу 4.000 студенти. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри пешачење

октомври. Тие пешачеа од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ и веќе се во Нови Сад каде пристигнаа и нишките велосипедисти.

Илјадници граѓани ги пречекаа на улиците со факели, огномет и извици, додека низ целиот град одекнуваа скандирања „Пумпај!“.

— реклама —

Шеснаесет студенти во громогласна тишина, по полноќ положија 16 букети оддавајќи почит на трагично загинатите.

Организатори на мирните протести се студентите кои во заедничко соопштение ја поканија јавноста на собирот. Се очекува собирот да биде мирен и комеморативен. Точно во 11:52 часот ќе биде одржана 16-минутна тишина во чест на 16-те жртви. Потоа ќе има кратки говори од студентски и граѓански организации.Големиот собир се очекува да започне вечерва.

Организаторите нагласуваат дека собирот ќе биде мирен, без сирени и бучава.

— реклама —
media-librarylcjbsl2o23gq4DKoaLW

Сите возови во Србија се суспендирани поради наводни закани со бомби. Во Нови Сад, специјалните сили го уапсија опозицискиот политичар Миша Бачулов.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се извини за се шти кажал за студентите и народот, ги повика оние што протестираат повторно на дијалог и рече дека денешниот ден кој е прогласен за Ден на жалост треба да биде ден што обединува, а не ден што разделува.

media-librarycj7f8a3u1s1ufY3Or1h

Студентите и граѓаните не му веруваат, бараат оставка и избори.

— реклама —

Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, судски епилог сè уште нема. Граѓаните и студентските организации сметаат дека државата не ја спроведува правдата доследно и дека одговорноста се одложува зад институционални процедури и политички калкулации. Денешните собири се најавуваат како повик не само за сеќавање, туку и за правична разрешница и поголема одговорност на системот.

media-librarylb0bvepvg7o0dc0LJTt

Пораката денеска ќе биде да не се заборави трагедијата, да се покаже солидарност кон семејствата на жртвите и да се потсети на одговорноста која сè уште не е преземена.

Не е исклучена денес и не насилна реакција од дел дел од граѓаните приврзанци на Вучиќ и на полицита и жандереријата која во неколку наврати во изминатат година употреби прекумерна сила кон студентите кои протестираа.

media-libraryetucc7tvjlfv3QUtuim

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања