Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

За разлика од нив, здравјето и животот на сите ни се важни: идните медицинари бараат Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Студентите на Медицинскиот факултет во Белград упатија апел до Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој пред една година почина при падот на новосадската настрешница, да го прекине штрајкот со глад што трае веќе 14дена. Тие и порачаа дека сакаат таа да остане силна и присутна со нив.

— реклама —

Во објава на Инстаграм, студентите изјавија дека се свесни за големата болка што ја носи Дијана и силата што ја покажува и покрај сè низ што поминала, додавајќи дека нејзината храброст, упорност и достоинство веќе станале симбол на борбата за правда.

— реклама —

„Како идни лекари, но пред сè како луѓе, чувствуваме одговорност да ви се обратиме и да ве замолиме да го зачувате вашето здравје. Затоа ве замолуваме да го прекинете штрајкот со глад. Сакаме да останете со нас, силни и присутни, за да можеме заедно да ја продолжиме борбата што ја започнавте и која се однесува на секој граѓанин на оваа земја“, изјавија студентите на Медицинскиот факултет.

— реклама —

Тие додадоа дека она што го бараат од неа не е нешто малку, сепак ја замолија да ги послуша.

„За разлика од нив, здравјето и животот на секој поединец ни се важни. Ви благодарамиме мајко“, и порачаа на мајката на загинатиот Стефан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 23 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 1 ден

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања