Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Илјадници се собираат во Нови Сад – една година по трагедијата на железничката станица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
novi-sad-nesreka3

Илјадници студенти од различни градови во Србија се упатуваат кон Нови Сад, каде што утре ќе се одржи комеморативен собир во чест на 16-те жртви загинати при падот на бетонската настрешница на железничката станица пред една година.

— реклама —

Дводневниот марш, кој започна вчера од Белград, го предводат студенти и граѓани што веќе една година се во блокада и организираат протести со барање за одговорност од властите. Дел од учесниците пешачат десетици километри за да стигнат до Нови Сад, нагласувајќи дека нивниот марш не е само пат меѓу два града, туку пат меѓу неправдата и одговорноста – симболичен чин на совест, солидарност и достоинство.

— реклама —
— реклама —

Утре ќе се одржи централниот комеморативен собир, на кој студентите и граѓаните ќе им оддадат почит на загинатите. Засега не е познато како точно ќе изгледа собирот, но медиумите јавуваат дека се очекува масовно присуство на луѓе од целата држава.

— реклама —

И покрај една година протести, никој сè уште не е повикан на одговорност за трагедијата во која загинаа 16 лица. Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против 13 лица поради штета на буџетот од 115 милиони долари при реконструкцијата на пругата Нови Сад–Келебија, но без значителен напредок. Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, сè уште не е сослушан, поради, како што се наведува, здравствени причини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1970ecvqeg8zePiFv

Студентите поднесоа тужба за субвенционираниот оброк, Јаневска вели дека се водат преговори за нов модел

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5j49gda5if703D2sNtj

Македонските студенти: Победата во Србија покажа дека младите можат да влијаат врз промените

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qjt4phj82nl5jIvL31

(Видео) И вечерва се слави во Белград на Славија, без политички говори, но со диџеи и огномет

Свет | пред 2 седмици

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели дека максимумот е 147 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања