Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ферати се сретнал со студенти од „Југоисточна Европа“: Разговарале за правосудниот испит и можностите за младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 40 минути -

Македонија
media-librarylost13pjs1846j6UAjv

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, остварил средба со студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), на која се разговараше за предизвиците на младите и нивното поголемо вклучување во општествените и институционалните процеси.

— реклама —

Ферати ги претставил приоритетите на Министерството во областа на правичната застапеност и инклузивноста, нагласувајќи дека младите треба активно да учествуваат во креирањето политики и донесувањето одлуки што ја засегаат нивната иднина.

— реклама —

Тој ја истакнал подготвеноста да ги сослуша предлозите и барањата на студентите и да придонесе за изнаоѓање решенија преку континуиран дијалог и соработка со надлежните институции.

— реклама —

На средбата биле отворени и прашањата за еднаквите можности, квалитетот на образованието и перспективите за професионален развој на младите. Ферати ги охрабрил студентите посветено да ги продолжат студиите и да се подготвуваат за идните професии во правосудството, меѓу кои правници, адвокати, нотари, извршители, јавни обвинители и судии.

— реклама —

Едно од главните прашања што ги поставиле студентите се однесувало на правосудниот испит. Министерот оценил дека нивните барања заслужуваат сериозно разгледување и најавил заложба за дијалог со надлежните институции, со цел да се разгледаат можностите за нивно соодветно решавање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydqjssbmrmtjfaZ6rael

Студенти од Медицинскиот факултет при УКИМ блеснаа во Узбекистан: финале и специјална награда на меѓународна олимпијада

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library4r1970ecvqeg8zePiFv

Студентите поднесоа тужба за субвенционираниот оброк, Јаневска вели дека се водат преговори за нов модел

Македонија | пред 1 седмица

media-library5j49gda5if703D2sNtj

Македонските студенти: Победата во Србија покажа дека младите можат да влијаат врз промените

Македонија | пред 3 седмици

media-library0qjt4phj82nl5jIvL31

(Видео) И вечерва се слави во Белград на Славија, без политички говори, но со диџеи и огномет

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања