Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Преполни улици во Нови Сад: Граѓаните пристигнаа пред станицата и оставија цвеќе во чест на загинатите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryk8guh1n8tl9c80keZgf

Улиците на Нови Сад денеска беа преполни со граѓани кои излегоа да им оддадат почит на 16-те жртви од трагедијата на железничката станица, кога пред две години се урна настрешницата и однесе 16 човечки животи.

— реклама —

Граѓаните во три колони тргнаa од различни локации – Вардинскиот мост, Медицинскиот факултет и Лиманскиот парк. Колоните се споиja, по што заедно продолжиле кон железничката станица.

На местото на трагедијата, пред оградата која го спречува пристапот до станицата, присутните оставиja цвеќе, плишани играчки и запалиja свеќи. Поставени се и големи срца со имињата на загинатите.

— реклама —

Комеморативниот собир започна со 16 минути молк во чест на настраданите. По молкот, предвидена е изведба на песната „Цвета трешња“, обраќања и настап на виолина, а потоа ќе бидат положени 16 бели венци.

— реклама —

По повод годишнината, српскиот патријарх Порфирије служеше литургија и помен за загинатите во храмот „Свети Сава“ на Врачар во Белград.

Трагедијата се случи на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот, кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На самото место загинаа 14 лица, додека тројца беа тешко повредени. Две од повредените лица подоцна им подлегнаа на повредите, со што бројот на жртви се искачи на 16.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryasi9t9tfmd2pdqCrOXe

Академскиот пленум: Србија наскоро повторно ќе стане правна држава

Свет | пред 23 минути

— реклама —
media-librarynrrsnfan06hoamBKr8t

(Видео) Со венци и пораки за загинатите, три колони граѓани тргнаа кон железничката станица во Нови Сад

Свет | пред 2 часа

media-libraryjb7gp39cenvhcMABEmc

Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Сè уште нема судска разрешница за смртта на Македонецот Саздовски и уште 15 лица

Свет | пред 3 часа

media-libraryme7mgvqog6hl1riYGl2

Граѓаните на Нови Сад на нозе: Нема да дозволиме власта да слави корупција во нашето маало

Балкан | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања