Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Со венци и пораки за загинатите, три колони граѓани тргнаа кон железничката станица во Нови Сад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarynrrsnfan06hoamBKr8t

Три колони граѓани утрово тргнаа низ улиците на Нови Сад кон железничката станица, каде во 11:52 часот ќе се одржи комеморативен собир по повод две години од уривањето на настрешницата, во кое загинаа 16 лица.

Колоните се упатија од три локации – Медицинскиот факултет, Лиманскиот парк и Варадинскиот мост. Планирано е тие да се спојат, а потоа заеднички да продолжат по Булеварот на ослободувањето кон железничката станица.

— реклама —

На чело на колоната што тргна од Медицинскиот факултет граѓаните носат венци со имињата на загинатите, како и големо црно платно со натпис „11.52“ и бели гулаби. На повик на студентите, во поворките нема политички обележја, транспаренти и бучава, бидејќи станува збор за комеморативен собир.

— реклама —

Покрај трите колони, се очекува пристигнување и на група моторциклисти од Белград, како и пешачка колона од Темерин.

Во 11:52 часот е планирано 16-минутно молчење во чест на загинатите, по што ќе следува кратка комеморативна програма.

— реклама —

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година. Во несреќата загинаа 14 лица на самото место, а уште две починаа подоцна од здобиените повреди.

media-libraryjb7gp39cenvhcMABEmc

Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Сè уште нема судска разрешница за смртта на Македонецот Саздовски и уште 15 лица

Во Нови Сад денеска се одбележува втората годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица, во кое загинаа 16 лица. Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести против корупцијата, кои на крајот доведоа до предвремени избори и пад на власта на Александар Вучиќ.Две години подоцна, одговорноста за смртта на 16 лица сè уште не е утврдена пред судот. Иако по трагедијата следеа апсења, меѓу кои и на министри и нивни соработници, а беа поднесен

Свет | пред 2 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjb7gp39cenvhcMABEmc

Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Сè уште нема судска разрешница за смртта на Македонецот Саздовски и уште 15 лица

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryme7mgvqog6hl1riYGl2

Граѓаните на Нови Сад на нозе: Нема да дозволиме власта да слави корупција во нашето маало

Балкан | пред 4 месеци

media-library19bddbkf1cab2hR99zL

Полициски сили влегоа во Филозофскиот факултет во Нови сад по барање на деканот

Свет | пред 9 месеци

media-librarys1asnt12mv4i8hMzQMa

(Видео) Деновите на кражба ви се одброени, порачаа студентите на протест во Нови Сад

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања