Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Година дена студентски протести во Србија: Борба за правда и игра на исцрпување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-24-at-00.06.08

Измина една година од падот на бетонската надстрешница на железничката станица во Нови Сад, трагедија во која загинаа 16 лица. Настанот, кој го потресе целото општество, стана симбол на системска небрежност и корупција — а од него започна и најдолгиот студентски протест во поновата српска историја, пишува DW.

Денес, студентите и власта се наоѓаат во состојба на меѓусебна исцрпеност. Студентското движење предводено од лица како Борис Којчиновиќ од Нови Сад, прерасна во широка мрежа на поддржувачи во земјата и дијаспората, под слоганот „Рацете ви се крвави“. Преку маршеви, средби и иницијативи, младите активисти бараат правда и институционална одговорност за трагедијата.

— реклама —

„Нашата победа е во тоа што луѓето сфатија дека нешто не функционира и дека ни треба праведно општество со институции што работат“, вели Којчиновиќ.

Студентите за една година научија да организираат, преговараат и издржат притисок, но не и да ја натераат власта да преземе одговорност. Владата, пак, одговори со обиди за смирување на протестите – преку поевтини кредити за млади, повисоки плати за професори и притисоци врз демонстрантите преку кампањи и полициски акции.

— реклама —

Политичкиот аналитичар Зоран Стоиљковиќ го опиша односот меѓу студентите и власта како „рамнотежа на немоќ“. Директорот на ЦЕСИД, Бојан Клачар, се согласува дека земјата е во долготрајна политичка криза без видлив исход. Според него, иако владејачката коалиција е посилна отколку пред шест месеци, не ја повратила целосната контрола, а студентите успеале да ја променат општествената клима, но не и политичките односи на сила.

За движењето, изборите се единствениот излез. Претседателот Александар Вучиќ најави избори за наредната година, без конкретен датум. Клачар оценува дека токму тоа е главниот адут на СНС, која може да го избере моментот што најмногу ѝ одговара.

Од другата страна, студентите имаат две цели: да ја задржат високата енергија и да создадат „референдумска атмосфера“ — состојба во која ќе се гласа за промена, а не за личности или партии. Иако дел од јавноста смета дека им е потребна соработка со опозицијата, студентите тоа го одбиваат. „Не сакаме да го изгубиме својот идентитет. Нашата борба е поширока од политичкиот систем“, вели Којчиновиќ.

— реклама —

Движењето веќе подготвува изборна стратегија, формира тимови и програма, но имињата на кандидатите се чуваат во тајност. Според анкетите, потенцијалната студентска листа ужива значителна поддршка, иако формално не постои. „Доаѓа до хомогенизација на двете страни – власта ја задржува базата, но студентите ги обединија незадоволните“, објаснува Клачар.

Покрај тоа, во студентското движење се забележува внатрешен идеолошки судир. Дел од учесниците покажуваат наклонетост кон десниот спектар, што загрижува дел од основачите. „Тоа е последица на образовниот систем и медиумските наративи, но не мислам дека сме се оддалечиле од основната идеја – да изградиме општество на праведност и институции што функционираат“, додава Којчиновиќ.

— реклама —

Студентите планираат масовен собир на 1 ноември, на годишнината од несреќата во Нови Сад. Очекуваат 10.000 пешаци и 5.000 велосипедисти, а на денот на комеморацијата и десетици илјади граѓани. Власта ги обвинува дека подготвуваат насилство, но организаторите возвраќаат: „Нашиот протест е достоинствен и ненасилен. Една година помина, а никој не одговараше – иако извештаите покажуваат очигледна корупција.“

„Ќе продолжиме сè додека не се распишат избори на кои волјата на граѓаните нема да биде манипулирана“, порачува Којчиновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања