Свет

21-годишен фудбалер и неговата девојка загинаа во трагедија во Нови Сад

Голема трагедија ја потресе Србија вчера, кога падна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, а над 30 беа повредени.

Во страшната трагедија загинаа и фудбалер и неговата девојка, а информацијата ја соопшти клубот.

Фудбалскиот клуб Потисје од Кничанин се огласи на Фејсбук од каде ја известија јавноста дека еден од загинатите е нивниот играч Милош Милосављевиќ, а до него е неговата девојка Анѓела Руман.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) и неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад. Датумот и времето на комеморацијата и погребот ќе ги објавиме во догледно време. Почивајте во мир ангели, никогаш нема да бидете заборавени!“ – напишаа од клубот на својата сметка.

На почеток