Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Позната состојбата на повредените при уривање на железничката станица во Нови Сад: Три лица се во животна опасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-11-01-140025

Шеснаесет лица загинаа при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, а според медиумите во текот на ноќта две деца им подлегнале на повредите Сара (5) и Тина (5). Како што соопштија за Нова.рс од Клиничкиот центар на Војводина, тројца примени пациенти се во животна опасност.

— реклама —

Дел од станицата се урна вчера, нешто пред 12 часот. Акцијата за спасување траела до доцна синоќа.

— реклама —

Од горенаведената установа ја соопштија состојбата на повредените кои се сместени во Клиничкиот центар во Војводина.

— реклама —

„Во Клиниката за анестезија, интензивна терапија и терапија на болка се сместени тројца примени пациенти со тешки физички повреди и во тешка состојба опасна по живот“, соопштија од горенаведената установа.

Да потсетиме, зградата на Железничката станица неодамна беше реконструирана, а работите ги изведуваше кинеска компанија.

Конзорциумот на кинеските компании CRIC-CCCC, кој вршеше работи на Железничката станица во Нови Сад, соопшти дека бетонската настрешница што се урна не е предмет на работи во рамките на реконструкцијата, пренесува порталот 021.

„Настрешницата на железничката станица во Нови Сад беше составен структурен дел од зградата на станицата и беше изградена истовремено со старата станица на железничката станица“, се вели во соопштението на CRIC-CCCC, во кое „изразуваат нивната длабока тага за жртвите, како и најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите“, пренесува порталот 021.rs.

Во Србија е прогласена тридневна жалост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library19bddbkf1cab2hR99zL

Полициски сили влегоа во Филозофскиот факултет во Нови сад по барање на деканот

Свет | пред 2 месеци

media-librarys1asnt12mv4i8hMzQMa

(Видео) Деновите на кражба ви се одброени, порачаа студентите на протест во Нови Сад

Свет | пред 2 месеци

media-libraryj06i8htj5k87824ah17

(Видео) Непознат маж запали новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања