Велосипедист од Кочани тешко се повреди откако падна на коловозот
Од
Објавено на
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на кружен тек од улицата „Димитар Влахов“ и улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани, 41-годишниот Ј.А. од Кочани, управувајќи велосипед паднал на коловозот.
Во несреќата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани.
Увид извршила екипа од ОВР Кочани.