(Видео) Филипче: Најавите за предвремени избори се доказ дека на Владата не и оди
СДСМ е подтовен за какви било избори, тоа што има најава за предвремени избори само 5 месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата навистина не ѝ оди, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање.
-Нашата теренска анкета покажува дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца испитаници од граѓаните не се задоволни од животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на европскиот пат. Ова кокетирање со ДУИ би рекол дека е пред се порака до ВЛЕН и до ЗНАМ коишто очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка. Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.