Уапсен близок соработник на Нетанјаху: „Ова е една од најголемите измами во историјата“
Израелската полиција го уапси блискиот соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Елиезер Фелдштајн. Фелдштајн е уапсен поради „пренесување доверливи информации на странски медиуми“, а според опозицијата станува збор за лажни информации.
Целта на измамата на Фелдштајн беше да ги спречи напорите за завршување на војната и постигнување договор за заложниците во Појасот Газа, се наведува во обвиненијата.
Истрагата е фокусирана на тврдењата дека кабинетот на премиерот се обидел да ги убеди странските медиуми дека Хамас имал намера да шверцува заложници во Египет и со тоа да го принуди Нетанјаху да прекине со огнот и да ги ослободи заложниците. Според судскиот налог, информациите незаконски објавени од израелските воени системи всушност ја „загрозувале можноста на Хамас да ги ослободи заложниците што ги држи во Газа“.
Си-ен-ен се обиде да стапи во контакт со Фелдштајн, но тој се уште не ја коментираше новонастанатата ситуација. Портпаролот на Нетанјаху негира дека е протечена каква било информација од кабинетот на премиерот и посочува дека „дотичната личност“ (се мисли на Фелдштајн) никогаш дури и не учествувала во разговорите за безбедноста.
За гореспоменатите стравувања дека целата ситуација ќе им наштети на затворениците во Газа, портпаролот на премиерот ги нарече апсурдни. Опозицискиот лидер Јаир Лапид го обвини кабинетот на премиерот дека прави се за да го саботира договорот за размена на заложници и да влијае на јавното мислење.
Против постапките на Нетанјаху се изјаснија и семејствата на заложниците кои исто така сметаат дека Нетанјаху упорно ги саботира сите обиди да се постигне договор со Хамас бидејќи смета дека крајот на војната во Газа ќе доведе до предвремени избори, кои не би му одговарале. . Нетанјаху ги отфрла сите овие тврдења.
Нетанјаху и претходно се соочуваше со слични обвинувања. Во септември германскиот Билд го повика за продолжување на војната. Тогаш премиерот рече дека нема да потклекне пред притисоците и дека нема гаранција дека Хамас ќе го исполни својот крај на зделката, дури и ако се согласи со условите.
Опозицијата и семејствата на заробените заложници ги опишуваат постапките на Нетанјаху и неговите соработници како една од најголемите измами во историјата и го повикуваат судот да утврди дали спорните информации навистина дошле од кабинетот на премиерот, а споменатата канцеларија категорично отфрла сите овие наводи.