Македонија

Лимани: Интензивно работиме на намалување на листите за упис во детските градинки

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петтата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на социјалната и здравствената заштита во нашето општество.

Лимани одговарајќи на прашање за долгите листи на чекање за упис во детските градинки, се осврна на фактот дека во првите 100 дена, беа започнати градежни активности на 2 градинки, а уште две се отворени. Но го спомна и потпишувањето на договорот за грант со општините, проект на Владата, каде што влегуваат уште две градинки.

„Во тек се изградби/доградби/ опремување на 15 градинки, со чие отворање капацитетот ќе се зголеми за 1397 деца,“ рече Лимани.

Тој информираше дека, планирани за отворање до 2028 година се над 25 градинки.

Лимани напомена дека покрај капиталните инвестиции, Министерството инвестира и во зајакнување на стручниот кадар во градинките.

„Министерството е отворено и постојано апелира до општините да изразат интерес и достават проект за нови или проширување на постоечките градинки, со цел секое дете да има можност да биде вклучено во предучилишно воспитание и образование,“ порача Лимани.

На почеток