Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Fatmir-B

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, не на опозицијата, не на власта, вистински ќе помогне на граѓаните, за да им помогнеме за потрошувачката кошница да се намали“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на „Телевизија 24“, во однос на законските измени поднесени од СДСМ, а со кои се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи од 5% на 0% ДДВ, а што ќе значи месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

— реклама —

Реплицирајќи на оценките на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изнесени во емисијата, дека законот е „лицемерен потег“ и исто законско решение било предложувано од негова страна и претходно, пратеникот Битиќи потенцираше дека станува збор за носење на законско решение во различни времиња.

— реклама —

„Законот за намалување на ДДВ се носи во различни времиња. Само да ве потсетам колку мерките кои што сме ги донеле ги променија економски состојби. Инфлацијата која беше увезена ја намаливме од 19% на 3%, за денес да може да зборувате за 2,5 % и тоа е поради одредени мерки што сме ги носеле. Во септември потрошувачката кошница е зголемена за 1.000 денари во однос на август, за во октомври да се намали за 940 денари. Односно 54 денари е разликата на цените во однос на тие што биле во август и тоа е реалноста“, рече Фатмир Битќи, пратеник од СДСМ.

— реклама —

Тој истакна дека СДСМ е конзистентен во политиките, што се препознава во тоа што за време додека беше на власт се работеше да подобрување на стандардот на граѓаните и ублажување на последиците од зголемената инфлација.

— реклама —

„Имаше намалување на цени, имаше шест различни мерки кои што го дадоа ефектот. Ние ги замрзнавме цените во одреден временски период, воведовме ограничување на маржи во одреден временски период. Го донесовме Законот за нефер трговски практики, кој што во суштина сега треба да се спроведува, со кој за првпат сме една од земјите на Западен Балкан која што има еден таков закон, а кој ни приближно не се спроведува. Ние си остануваме конзистентни, а тоа е дека ќе направиме се граѓаните да имаат подобар живот“, рече Битиќи и дополни дека за ова предлог законско решение за намалување на ДДВ-то треба да се соочат аргументите на комисиска расправа во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава!

Македонија | пред 27 минути

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Горд сум на Антикорупцискиот тим на СДСМ, откривме грабеж од 100 милиони евра

Македонија | пред 43 минути

media-library09djk609bi6l5zI0nyE

Гувернерот Славески доби кривична пријава за несовесно работење

Македонија | пред 9 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО- ОКГ, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања