Свет

Српскиот министер и официјално поднесе оставка за трагедијата во Нови Сад

Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.

Тој изјави дека поднесува оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија што се случи во ресорот со кој раководи.

На социјалната мрежа Х изјави дека си заминува „со чиста совест и гордост за резултатите што остануваат зад него, како и тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што соработуваше со него“.

На почеток