„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Бислимоски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” на конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС).

— реклама —

„Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД. Главната цел е да станеме интегриран дел од паневропскиот пазар. Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции. Со овој процес за пазарна интеграција нашите компании ќе имаат можност да учествуваат на пазарите во соседните земји.“ посочи Бислимоски.

РKE и со Законот за енергетика кој е на сила и во кој е имплементиран третиот енергетски пакет како новина воведе надзор на пазарите на електрична енергија и природен гас.

— реклама —

„Ние имаме развиено мониторинг платформа во која се агрегираат податоците од сите учесници на пазарот и доколку утврдиме непазарно однесување може да започнеме соодветни постапки пред судовите. Не - фер пазарно однесување ќе се казнува со дел од приходот.” објасни Бислимоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bislimovski1

Бислимоски се гоштева во Дубровник, а народот се мачи како да ги плати сметките за струја и чека ред на бензинска, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања