Бислимоски се гоштева во Дубровник, а народот се мачи како да ги плати сметките за струја и чека ред на бензинска, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bislimovski1

Народот се мачи како да ги плати сметките за струја и чека ред на бензинска, а Бислимоски се гоштева во Дубровник, вели опозицијата.

— реклама —

„Бислимоски со одлука на РКЕ во изминатиов период ја покачи цената на струјата за 30%. Граѓаните кои плаќале сметка од 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари.

Тој ги покачи цените нa горивата, кои пораснаа за 70%, и не се спротивстави на владата кога ја покачи акцизата за 13.13 денари. Заради СДСМ и Бислимоски сега плаќаме поскапо гориво.

— реклама —

Бислимоски е одговорен за давање на лиценци за трговија со струја, и тој му даде лиценца на синот на Зоран Заев.

Откако го направи сето ова, и откако народот се соочува со раст на цените на сите производи и за 70%, а 500.000 живеат со 150 денари на ден, тој без проблем седи во луксузен ресторан во Дубровник.

И да биде трагедијата поголема, Бислимоски се вади дека сам си го покрил патувањето, па секако дека тоа е најмалку што може да направи со плата од 130.000 денари, што е еднаква на 7 минимални плати, односно со која преживуваат 7 семејства, т.е. и до 28 наши сограѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања