Македонија

По примерот на поднесената пријава Тошковски да поднесе кривична и за Митревски кој не плаќа патарини, бара СДСМ

„По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски. Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини“, велат од СДСМ.

„Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека?

Дали и раководителот Ванчо Милевски кој исто така не плаќа патарини ќе добие Кривична пријава од Тошковски?

Или законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините?“, прашува СДСМ.

На почеток