Македонија

Пак истото ветување за намалување на загадениот воздух: ќе се гасифицирале урбани средини

Заменик-премиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, коментираше и за планот за намалување на загадувањето на воздухот преку акционен план на владата.

„Имаме акционен план за намалување на загадувањето на воздухот. Еден од проектите е гасификација на урбаните центри, иако неколку пати не успеал, треба да се проба повторно бидејќи има заинтересирани компании кои би го спровеле ова преку јавно-приватно партнерство“, рече Меџити во „Пик Подкаст“.

На почеток