„Бугарските служби и нивните измеќари од Левица и СДС подготвуваат терен за моја дискредитација“, вели Богојески
„Веќе подолго време на социјалните мрежи се подготвува терен за моја дискредитација, со подготовка на лажни профили со мој украден идентитет и фалсификувани „документи и фотографии / скринови” од наводна моја комуникација!“, напиша на социјалните мрежи Петар Богојески, лидер на партијата Македонски концепт.
„Носител на тие активности се бугарските служби и нивните домашни соработници, СДС и Левица (нема разлика помеѓу нив, комуна си е комуна), а тоа го прават години и години, особено последниве месеци!
МОРАМ ДА ПРИЗНАМ дека сум целосно разочаран од Бугарите и нивните измеќари, избугарени Македонци! На времето кога беа под ссср чизма, барем ги биваше за фалсификати. Сега и за тоа не ги бидува.
Но не е Бугарија, главниот проблем. Проблем се бугарските измеќари од Левица и СДС, кои веќе 24 часа неуспешно го шират фалсификатот во кој НЕМА НИТУ ЕДЕН ВИСТИНИТ ПОДАТОК!
Буквално, од наведените лични податоци, до информации за државјанство или семеен статус, ништо не е точно! Најинтересно е како сум станал „северен” уште во 2009 година? Тоа само идиот можел да го стави на документ, со ваква намера!
Разбирливо е, кога нема што да кажат за мене, само вакви фалсификати може да гледаме во следниве месеци!“, додава Петар Богојески.