(Видео) Се огласи насилниот тренер од Косово: „Наседнавте на српската пропаганда, таа е моја ќерка“
Вниманието на балканската спортска јавност го привлече однесувањето на косовскиот теквондо тренер, кој на првенството во Тирана со шлаканица ја удри осумгодишната Валина Фетиу после поразот во финалето од српската натпреварувачка, Нина Савиќ.
Тој се огласи преку косовските медиуми, каде вели дека тој ѝ е татко на девојчето, а ја удрил да се врати при себе.
This is horrible! A taekwondo coach from so-called Kosovo is beating up a little girl just because she lost a match to a Serbian girl.
Why do Albanians always have to resort to violence?! pic.twitter.com/4fb6OdP2Qk
— Global Dissident (@GlobalDiss) November 10, 2024
„Валина е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментите кога девојето беше дезориентирана и лута бидејќи загуби од српската натпреварувачка, лежеше на земја неспособна да го прифати поразот. Едноставно сакав да ја смирам и да ставам до знаење дека и покрај поразот е вицешампионка и ќе има и други шанси за победа. Медиумите на Косово наседнаа на српската пропаганда и се обидоа да му дадат друг смисол на моментот. Повторувам, јас сум нејзин татко. Мојата сопруга, мајката на Валина, беше таму, неколку метри од нас. Ниту еден србин и бошњак не ја сака мојата ќерка повеќе од нејзините родители. Со Валина работам 12 месеци за ова натпреварување и ќе работам целиот мој живот.“ – вели Ваљмир Фетиу.