Македонија

Средба меѓу Муцунски и францускиот амбасадор: акцентот во разговорите ставен на европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

Оваа средба следува по неодамнешната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, која ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, извести МНР.

Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер, акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата.

Двете страни разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност, соопшти МНР.

На почеток