Данела преку Град Скопје удри по судството откако Наумоски објави дека ја победил на суд: Не коментираме пресуди, 2% од граѓаните му веруваат
Данела Арсовска го искористи Одделението за односи со јавност за да му одговори на Никола Наумоски, кој објави дека ја добил неа на суд.
„Со оглед на веста пласирана низ јавноста од страна на лицето Никола Наумоски, дека го добил судскиот спор за клевета против градоначалничката Данела Арсовска, и покрај тоа што пресудата сеуште не е формално донесена и врачена, Наумоски со информации побрза да прејудицира судска пресуда и да навредува. Од неговата изјава дека пред новинари и камери бил клеветен дека трошел градски пари за бифтеци, а за тоа не бил до судот приложен ниту еден доказ, во прилог до јавноста доставуваме една од бројните сметки за од него потрошените градски средства кои беа доставени во постапката пред судот”, се вели во соопштението на Град Скопје и се додава:
„Одлуки на судот Град Скопје нема да коментира, а за тоа дали е клевета изнесеното или не, ќе се почека и официјалната првостепена пресуда на судството во кое македонските граѓани имаат 2% доверба“.