Без струја делови од општините Карпош и Бутел
Од
Објавено на
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Бутел.
· од 09:00 до 12:30 часот, корисниците од дел од улицата Мексичка во општина Карпош;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата 40 во населбата Радишани, општина Бутел.