Македонија

Тешко повреден велешанец, со „рено“ излетал од коловоз

На 12.11.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

На почеток