Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Маж од пробиштипско со прострелна рана, се повредил додека чистел пушка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library05ol27tftfj1crMAwXz
Скопје1.мк

Четириесетгодишен жител на село Добрево, пробиштипско, е пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако се здобил со прострелна рана, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Настанот бил пријавен на 02.04.2026 година околу 16:00 часот во Полициската станица Пробиштип од страна на Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“, каде било наведено дека повредениот бил пронајден во семејниот дом од неговиот татко.

— реклама —

Според извршените службени разговори со таткото и братот, повредениот истиот ден, на место викано „Чукар“, во атарот на село Марчино, сам си нанел прострелна рана со ловечка пушка додека го чистел оружјето.

— реклама —

Од местото на настанот била подигната ловечката пушка и патрони, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип.

— реклама —

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања