Македонија

Сообраќајка меѓу „опел“ и товарно возило „ман“, тешко повреден малолетник од битолско

Вчера во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-село Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На почеток