Уапсен државјанин на Турција на Долно Блаце
Од
Објавено на
Вчера во 08.05 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 31-годишниот А.А. од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол–Турција.
Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.