Тревога во Сидјен: Пукање пред парламентот, полицијата трага по напаѓачот
Од
Објавено на
Полицијата трага по вооружен маж по пукањето пред зградата на Парламентот на Нов Јужен Велс во Сиднеј.
Пукањето се случило во четвртокот околу 13 часот по локално време, јавуваат медиумите, а се сомнева дека мажот користел пиштол реплика.
Службениците од Метрополитенската полициска команда во Сиднеј брзо дошле на местото на настанот, но мажот побегнал со возило пред да пристигнат.
Областа е оградена со полициска лента, а властите велат дека нема извештаи за повредени.
„Секој што има информации за овој инцидент се замолува да контактира со полицијата“, соопштија властите.