Скопје

(Видео) СДС и ДУИ 7 години не преземаа ништо за загадувањето, вели Марковска Илиевска

„7 години влаcта на СДС и ДУИ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот. 7 години нивото на загаденост на воздухот, не само што не се намали, туку и се зголеми. Тие кои што не направија ништо за подобрување на квалитетот на воздухот, сега глумат душегрижници“, вели Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

„СДС треба да знаат дека за разлика од нив, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе сериозни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Ќе се воведат строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе се контролираат најголемите индустриски загадувачи.

Владата ќе обезбеди субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Таквата пракса веќе почна со субвенциите за инвертер клими.

Владата ќе започне програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Овие мерки покрај забрзаната гасификација која ја најави премиерот и когенеративната централа, ќе значат намалување на загаденоста на воздухот на среден рок и ќе обезбедат почиста животна средина“, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

На почеток