Се поедноставува добивање дозвола за оружје, а од МВР отказ добиваат околу 15 вработени
Од
Објавено на
Избркани се околу 15 високо-позиционирани лица во МВР, поради нерегуларности при издавање на дозволи за поседување оружје. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го ускратувале на лица кои исполнувале услови.
Познато е дека предметите биле чувани во фиока со години, за што, по доаѓањето на Тошковски, се водела и истрага. Во иднина, издавање на дозволи за поседување на оружје ќе биде поедноставен, а најголем дел ќе биде и електронски.
Тошковски нагласи дека податоците за проверка на условите ќе се обезбедуваат автоматски преку МВР и Министерството за правда, што ќе спречи било какво влијание од страна на поединци.