Македонија

При пожар во Детската клиника, нема да гасне на повисоките катови, сведочи директорот

Ако има пожар во Клиниката за детски болести, нема да може да се изгасне на повисоките катови, посочува директорот д-р Реџеп Мемеди, кој сведочи дека во оваа здравствена институција многу работи се амротизирани и ризични за пациентите. Па така, според Мемеди, кујната каде што се спрема храна е со инвентар стар над 20 години, а треба од неа да се хранат бебиња и деца, па праша: „Дали тоа е безбедно?“

„При пожар, ќе нема притисок за вода за гаснење на високите катови. Лифтовите се стари 40 години, пациенти одат по скали“, додаде Мемеди.

Кога го прашаа дали ќе побара одговорност за ваквата состојба, тој топката ја префрли кај другите институции. Смета дека во моментов се води кампања против него и Клиниката, а откако бебиња починаа при лекување. Таму имаше вкупно три смртни случаи во изминатиов период.

„Сакаа да прикажат дека додека јас директорувам, за три месеци, има голема стапка на смртност. Но, сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години“, додаде тој.

Сподели и фотографии од кои се гледа лошата состојба на клиниката.

На почеток