Скопје

(Видео) Град Скопје тврди дека неселективно казнува загадувачи, екссоветникот на Данела сведочеше за притисоци врз инспектори

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје тврди дека казнил над 30 лица за загадување на воздухот. Во соопштението споделуваат име само на една фирма.

„Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, по пријава на граѓани изврши вонреден инспекциски надзор на деловен простор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ во Гази Баба, каде утврди согорување отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во рамки на вонредната контрола на терен инспекциските служби на Град Скопје констатираа дека правното лице спротивно на правилата за управување со отпад, во горилник покрај струготини согорува пластичен и друг неоргански отпад, за што му се изречени две казнени мерки“, пишува во соопштението од Град Скопје.

Според нив, неселективно се казнуваат сите, кои не го почитуваат законот. Повика истото да го прави и Владата и ресорното министерство, со тврдење дека само инспекторите во Град Скопје – работат.

„Инспекторите на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаваат од Град Скопје.

Пред четири месеци, Умејр Мухамеди, екссоветник на Данела Арсовска во Град Скопје, сведочеше дека слушнал како секретарот Зоран Глигоров дека вршел притисок врз некој инспектор зошто сакал да казни фирма. Сведочењето погледнете го во поткастот „Претрес со Ландов“:

На почеток