Поради рускиот напад низ Украина, Полска рано утринава ги активираше своите воздухопловни сили
Од
Објавено на
Поради рускиот напад низ Украина, Полска рано утринава ги активираше своите воздухопловни сили.
„Поради масовниот напад на Руската Федерација со крстаречки ракети, балистички ракети и беспилотни летала врз објекти лоцирани, меѓу другото, во западна Украина, полските и сојузничките воени авиони започнаа со операции во нашиот воздушен простор“, беше објавено утринава на платформата Х. од командниот центар полската војска.
Во соопштението се додава дека се активирани сите расположливи сили и средства со кои располага полската армија, како и дека се подигнати дежурните борбени авиони, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на будност.