Скопје

Без вода дел од Центар, Гази Баба и Сопиште

ЈП Водовод и канализација денеска ќе започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување општина Сопиште.

Денеска поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности во општина Гази Баба.

Поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица МаџирМаало бр.15 (населба Маџир Маало – Центар), денеска прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул.Охридска (потегот од ул.Петричка до ул. Ѓуро Ѓоновиќ) до завршуање со работните активности. општина Центар

На почеток